Top Sport

Хрватките го декласираа Парагвај – Аргентина го изненади фаворитот Австрија

Ракометните репрезентативки на Хрватска стигнаа до првата победа на Светското првенство во Шпанија. Тие со убедливи 38-16 ја декласираа селекцијата на Парагвај со што ги „залечија раните“ по стартниот пораз од Бразил. Денеска се играа натпреварите од 2. коло во групната фаза.

Најефикасни кај победничката селекција беа Турк и Блажевиќ со по 6 гола, додека Дебелиќ и Дежиќ имаа по 5 реализации.

Големо изненадување денеска приреди селекцијата на Аргентина која со 31-29 славеше против фаворитот Австрија.
Кај победничката селекција убедливо најдобра беше Карстен со 11 гола, додека Ковач имаше 9 реализации кај Австријките.

Германките со 36-22 ги победија ривалките од Словачка, додека во неизвесен дуел Јужна Кореја славеше против Тунис со 31-29.

Предмалку, Данска со убедливи 33-18 го совлада составот на Конго, а Шпанките со истиот резултат беа подобри од селекцијата на Кина.

Бразилките по триумфот над Хрватска, вечерва беа поуспешни и од Јапонија, победа со резултат 29-25.
Очекувано, Унгарија со 32-29 беше подобра од селекцијата на Чешка.

Scroll to Top