Top Sport

Еклстоун до Фетел: Или оди во Мекларен или пензионирај се!

Поранешниот шеф на Ф1, Берни Екслстоун смета дека неговиот добар пријател Себастијан Фетел нема што да добие во Ферари и следната сезона, инсистирајќи дека или треба да се пензионира или да направи трансфер во Мекларен.

Договорот на Фетел со Ферари завршува на крајот на 2020 година, и шпекулациите во Италија тврдеа дека тие сакаат да го заддржат уште една сезона, но со драстично помала плата. Неговиот колега, Шарл Леклер, од друга страна има договор до крајот на 2024 и очигледно е човекот за иднината на Скудерија и Еклстоун смета дека тоа е голем проблем.

„Мислам дека Себастијан имаше слаби перформанси под Ферари најмногу поради новиот колега Шарл Леклер, кој интересно е менаџиран од синот на претседателот на ФИА. Мислам дека веќе не гледа на Матија Биното како на сојузник во тимот, и затоа или треба да сопре или да бара алтернатива за 2021. Мекларен, повторно со мотори на Мерцедес, може да е примамлива опција“, вели Еклстоун.

Scroll to Top