Top Sport

Засрамениот Грилиш се извини за забавата до раните утрински часови

Капитенот на Астон вила, Џек Грилиш преку социјалните мрежи се извини на навивачите откако за време на забраната за движење поради полицискиот час тој се забавувал до раните утрински часови со својот поранешен соиграч Рос Меккормак.

Фудбалерот од средниот ред, сепак, не го спомена судирот со неговиот „Ренџ ровер“, откако удри два паркирани автомобили во едно предградие на Бирмингем. Иронично, овој инцидент дојде откако тој побара од навивачите да „држат растојание“ и да ги почитуваат наредбите за социјална изолација.

„Сакав да пратам кратка видео порака за тоа колку длабоко сум засрамен од тоа што се случи овој викенд. Знам дека времето е тешко за сите кои се затворени дома, и кога добив повик да излезам, згрешив и глупаво одлучив да се согласам. Не сакам да ги правите истите грешки и барам да останете дома и да ги почитувате правилата. Јас сега сигурно ќе го правам тоа. Се надевам дека сите ќе го прифата моето извинување“, вели Грилиш.

Англиските медиуми одат дотаму што велат дека овој инцидент може да го стави во опасност можниот трансфер на Грилиш од 60 милиони фунти во Манчестер јунајтед ова лето.

Бараше фановите да се на растојание од два метри, па удри во паркирани автомобили!

Scroll to Top