Top Sport

Еклстоун: Ферстапен нема шанси против Хамилтон

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун смета дека Макс Ферстапен нема шанса да го сопре Луис Хамилтон и неговиот „поход“ кон осмата светска титула оваа сезона.

Хамилтон го има најдобриот старт на една Формула 1 сезона во кариерата со три победи во четири трки и има 14 поени предност пред возачот на Ред бул, Ферстапен пред Монако ГП трката. На стартот на сезоната се веруваше дека Ред бул имаат болид со кој ќе ги предизвикаат Мерцедес, и иако тоа е забележително, Хамилтон ја покажа својата класа. Еклстоун вели дека Макс нема шанси.

„Да, вистина е дека овој спорт повторно има двајца возачи на исто ниво, како што беше во времето на Аиртон Сена и Алан Прост. Но, за жал, морам да му ги уништам сите надежи на големиот фајтер од Холандија – Хамилтон во моментов вози подобро од било кога во кариерата. Луис е совршен, смирен и многу умен. Не влегува во жешки дуели и секогаш го почитува својот противник. Тоа го прави уште посилен. Ферстапен можеби е еднаков со возачките квалитети, но Луис има подобар тим и посигурна машина, нешто на што секогаш може да смета“, објаснува Еклстоун.

Scroll to Top