Top Sport

Лестер победи против Б-тимот на Јунајтед, Манчестер сити се англиски шампиони

Лестер ја забележа својата прва победа на „Олд Трафорд“ од 1998 година, победувајќи го Манчестер јунајтед со 2:1, за да си ги зголемат шансите за пласман во Лигата на шампионите и во исто време да осигураат Манчестер сити да биде промовиран во нов англиски шампион, третпат во последните четири години.

Оле Гунар Солскјер го направи најавеното, праќајќи на теренот непрепознатлив тим со поголемиот дел од стандардните првотимци на клупата (Фернандеш, Кавани, Погба, Рашфорд, Ван-Бисака), откако ова е втор меч од предвидените три во шест дена за „ѓаволите“, решавајќи да ги чува силите за дуелот со Ливерпул во четврток, но и за финалето на Лига Европа.

Лестер ова го искористија бргу кога младиот Лук Томас уште во 10. минута постигна прекрасен гол за водство на тимот на Брендан Роџерс. Сепак, Јунајтед бргу одговорија, откако во 15. минута, Мејсон Гринвуд по асистенција на Амад Дијало израмни на 1:1. По ова, темпото падна до крајот на полувремето со малку шанси на двете страни.

Солскјер реши да ги внесе во игра Кавани и Рашфорд во 66. минута, но во ист момент по еден корнер на Лестер, Чаглар Сојунџу беше највисок во скокот и донесе водство за Лестер.

Со овој резултат, Лестер прават голем чекор кон обезбедување на место во ЛШ – сега се втори на табелата со 66 поени, два пред Челси, но уште поважно осум пред Вест хем на петтото место и девет пред Ливерпул на шестото. Јунајтед се втори со 70 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top