Поранешниот Ф1 шеф, Берни Еклстоун вели дека Ферари самите се виновни што го „предале“ Себастијан Фетел во борбата за титулата оваа година, укажувајќи на низата грешки кои никогаш немале да се случат во италијанскиот тим во ерата на Михаел Шумахер.
„Фетел за жал, беше апсолутно разочаран од Ферари во Монца и потоа повторно во Сингапур кога го повлекоа рано во боксот. Тоа немаше никогаш да се случи со Шуми и со Италијанците. Мислам дека веќе е готово оваа сезона, Хамилтон е светски шампион“, вели Еклстоун во интервју за швајцарскиот весник „Блик“.
На шест трки пред крајот, Хамилтон има 40 поени предност пред Фетел, откако Германецот беше лидер во првиот дел од сезоната, но Мерцедес се вратија силно во последните четири-пет трки.
Лани, Еклстоун посочи дека главниот проблем на Ферари е тоа што во тимот има премногу Италијанци на раководните позиции.