Top Sport

Еклстоун: Макс Мозли ми беше како брат!

Поранешниот шеф на Ф1, Берни Еклстоун ги предводеше посветите кон поранешниот претседател на ФИА, Макс Мозли, кој почина денеска на 81 година по долга борба со ракот.

Мозли и Еклстоун беа главните луѓе во Формула 1 со децении и успеаја да го трансформираат спортот во глобална машина за пари, и честопати беа обвинувани дека се „автократи“.

„На чуден начин, ние двајца бевме како браќа и секогаш си верувавме. Најлошата работа која ја направив во мојот живот е што не го поддржував кога ги имаше тие проблеми со медиумите. Но, освен, тоа никогаш не се лутевме и секогаш бевме блиски пријатели. Двајцата потекнувавме од различни семејства, јас од работничко, тој од аристократско, но добро се согласувавме и си верувавме. Направивме многу за Ф1 на свој начин. Макс беше искрен човек кој не сакаше да слуша глупости и беше доста строг“, изјави Еклстоун.

Почина поранешниот претседател на ФИА, Макс Мозли

Scroll to Top