Top Sport

Почина поранешниот претседател на ФИА, Макс Мозли

Поранешниот претседател на Светската автомобилистичка федерација (ФИА), и еден од најмоќните луѓе во Формула 1, Макс Мозли почина на 81 година.

Адвокат и поранешен аматерски тркач, Мозли беше основач на Ф1 тимот Марч во 1969 година, пред во 1978 година да стане советник на Асоцијацијата на Ф1 конструктори (ФОЦА). Тој беше клучен човек во преговарањето на првиот Конкорд договор за поделба на ТВ-правата во Формула 1, пред во 1993 година да стане претседател на ФИА.

Во 2008 година, британските таблоиди објавија приказна за неговиот сексуален живот, со снимка од садомазохистичка оргија со жени во униформа. Тој ги доби на суд „Њуз оф д ворлд“, и остана на позицијата на претседател на ФИА, пред да си даде оставка во 2009 и да биде заменет од Жан Тод.

Мозли беше најмладиот син на Сер Освалд Мозли, лидерот на британските фашисти пред Втората светска војна.

Scroll to Top