Top Sport

Еклстоун: За Шумахер нема место во Ф1

Берни Еклстоун, поранешниот прв човек на Формула 1, смета дека Мик Шумахер, синот на славниот Михаел, треба да заборави на Формула 1 и да се обиде во друга категорија во автомобилскиот спорт.

Сè уште е неизвесно дали Мик следната година ќе вози за тимот на Хас, каде што нема голем успех во последните две сезони.

„Мислам дека Хас нема да продолжат со Мик. Луѓето се разочарани од неговата изведба. Реално, не знаеме дали до него или до тимот, но сигурно е дека секој подобар тим нема да сака да ризикува со него“, рече Еклстоун.

Поранешниот прв човек на Формула 1 смета дека презимето што го носи е преголем товар за Мик.

„Сите знаат кој бил неговиот татко. Тоа е премногу тежок товар и мислам дека нема место за него во Формула 1. Мора да се сврти кон друга категорија. Тој не е способен да се справи со притисокот што го носи Формула 1“, заклучи Еклстоун.

Scroll to Top