Top Sport

Екс-Формула 1 возачот, Такума Сато удри механичар на Инди-кар трка (видео)

За време на одржувањето на Инди-кар трката во Тексас за малку е избегната трагедија.

Поранешниот Формула 1 возач, Такума Сато со својот болид го удри механичарот од својот тим, Крис Велш по што тој заврши покосен на земја. За среќа немаша посериозни последици.

Видеото на кое се гледа ударот со левото тркало изгледа многу сериозно, но лекарите констатирале дека Велш заработил само модринки по ударот.

Сато со преголема брзина влета во боксот и со болидот помина преблиску до оградата, па не можеше да го избегне Велш кој го удри во нозете и го фрли во воздух.

Погледнете ја целата ситуација:

Scroll to Top