Top Sport

Енди Руиз доби уште еден појас по победата над Џошуа – чоколаден (фото)

Боксерскиот првак во тешка категорија во верзиите ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО, Мексиканецот Енди Руиз Јуниор доби нов појас по победата на дотогаш неприкосновениот Ентони Џошуа во Њујорк.

Компанијата „Сникерс“ дознала колку многу Мексиканецот ги обожува нивните произвои, па одлучила да го изненади со шампионски појас со нивното лого. Сепак, тоа не било се што стигнало на адресата на Руиз. „Сникерс“ му испратиле и неколку пакети со свои производи.

„Ти честитаме на големата победа, Енди. Победата е слатка, но и пакетот кој ти го испративме“ – му порачаа од компанијата.
https://www.instagram.com/p/ByjUwxnlYQg/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Scroll to Top