Top Sport

Ексшефот на Мекларен, Витмарш во бордот на Формула Е

Поранешниот шеф на тимот на Мекларен, Мартин Витмарш ќе биде дел од „Глобалниот советнички борд“ на Формула Е шампионатот на електрични болиди, на чие чело ќе биде ко-сопственикот на шампионатот, четирикратниот светски шампион Алан Прост.

Покрај Витмарш и Прост, во бордот ќе биде и поранешната извршна секретарка на ОН за климатски промени, Кристијана Фигуереш, актуелниот шампион во ФЕ, Лукас ди Граси.

„Формула Е е повеќе од трка, тоа е платформа за инспирирање промени. Промени во перцепцијата, во однесувањето и во начинот на кој живееме“, вели директорот на Формула Е, Алехандро Агаг.

Витмарш беше отпуштен од поранешниот директор на Мекларен, Рон Денис, кој минатата сезона замина од тимот. Витмарш работеше како извршен директор на проектот на Ленд Ровер за најславната трка во едрење, Американскиот куп.

Scroll to Top