Top Sport

Екстра 10 коњски сили од моторот на Ферари пред Мелбурн

Според „Аутоспорт“, Ферари направиле доволно прогрес со нивниот мотор за да „извлечат“ дополнителни 10 коњски сили пред стартот на сезоната на Австралиското ГП овој викенд.

Скудерија наводно извлекла 10 коњски сили пред трката во Мелбурн, откако прво очекуваа дека ќе имаат идентична моќ како на крајот на минатат сезона. Со техничкиот шеф за мотори, Корадо Јоти како предводник на тимот, во Маранело се фокусирале на подобри перформанси на ниски и средни брзини, по што беа воведени доста нови делови, како полесниот турбо-полнач за 2018.

Ова е одлична вест за Ферари, посебно бидејќи според правилата за оваа година, на секој тркач му се достапни само три мотори, така што со моторите кои ќе се користат во Австралија ќе мора да се поминат барем уште три-четири трки.

Фото: ЕПА

Scroll to Top