Aлеиш Еспархаро ќе ја стартува домашната трка во Каталонија на првото место, откако успеа да го победи тесно Франческо „Пеко“ Бањаја во саботните квалификации.
Откако постави рекорд на патеката и беше најбрз во три од четирите тренинг-сесии, возачот на Априлија, Еспархаро беше фаворит за пол-позицијата и успеа да ја прекине серијата од пет пол-позиции на Дукати.
Во битка на тројца возачи за пол-позицијата, Еспархаро со време од 1:38.742 беше за само 0.031 секунди побрз од Бањаја, додека лидерот во генерален пласман и актуелен шампио, Фабио Кватрараро во Јамаха ќе биде третиот мотоциклист во првиот ред. Во вториот ред ќе стартуваат тројца возачи на Дукати – Жоан Зарко, Фабио ди Џанантонио и Хорхе Мартин.