Top Sport

Еспрагаро најбрз, Роси дебитираше за Петронас Јамаха

Првиот ден на тестовите, на патеката Лосаил во Катар, заврши со доминацијата на Алеиш Еспрагаро.

Возачот на Априља забележа одлично време, 1:54.687 минути. Овој резултат е за 1,2 секунди побрз од времето за минатогодишната пол-позиција, на истата оваа патека.

Најлблиску до Алеиш Еспаргаро беше Штефан Брадл на Хонда. Германецот е подоготвен, доколку треба да го замени повредениот Марк Маркез.

Третото најбрзо време го имаше светскиот првак Џан Мир на Сузуки. Зад него следуваа Џек Милер на Дукати и Жоан Зарко на Прамак Дукати.

Од возачите на Јамаха најдобра резултат забележа Франко Морбидели. Неговиот тимски колега во Петронас Јамаха, Валентино Роси, кој дебитираше за новиот тим забележа 13.време.

 

Scroll to Top