Top Sport

Еванс со победа на Португалското рели

Велшанецот Елфин Еванс триумфираше на Португалското рели пред Дани Сордо, за да надополни по драматичниот пораз на последната трка, Хрватското рели кога заврши делови од секундата зад својот колега од Тојота, Себастиен Ожие. Еванс по неговата четврта победа во кариерата е втор во генерален пласман со само 2 поени зад Ожие.

Еванс го презеде водството во саботата попладне, кога естонскиот лидер От Танак во Хјундаи се повлече откако го оштети својот автомобил. На крајот тој имаше 28.3 секунди предност пред Сордо во Хјундаи, додека Ожие беше далеку на третото место речиси минута и пол заостанување.

На четвртото место, првпат во кариерата се пласираше Јапонецот Такамото Кацута во третата Тојота, а топ 5 го комплетираше Гас Грисмит во М-Спорт Форд.

Возачите немаат многу време за одмор бидејќи веќе на 3 јуни стартува Италијанското рели на Сардинија.

Scroll to Top