Формула 1 трките во САД, Мексико и Бразил нема да се возат оваа сезона поради лошата епидемиолошка ситуација со коронавирусот во овој дел од светот.
Челниците на Формула 1 соопштија дека сака да го избегне ризикот бидејќи овие земји се најпогодените во светот со вирусот Ковид-19.
Наместо овие трки Формула 1 реши да се возат трките во Нинбургринг, Имола и на португалската патека Портимао која ќе дебитира во најбрзиот циркус.
Формула 1 се уште го нема затворено календарот за оваа година. Челниците се надеваат дека би можеле да се одржат 16 трки.
Со наведените три трки досега во календарот има 13 трки, а се очекува во календарот да влезат две трки во Бахреин и една во Абу Даби.