Top Sport

Ф1 го затвориле календарот за 2020 година

Челниците на Формула 1 го „затвориле“ календарот за 2020 година, пишува Мотоспорт. Откако ќе се извозат 13 трки во Европа, сезоната ќе заврши со четири трки на Блискиот исток.

Мотоспорт наведува дека на 15 ноември ќе се одржи Големата награда на Турција во Истанбул, а потоа сезоната ќе финишира со двете трки во Бахреин (29 ноември и 6 декември. Завршната етапа ќе биде во Абу Даби на 13 декември.

Поради пандемијата со коронавирусот откажани се трките во Австралија, Америка и на Далечниот исток.

Доколку оваа информација биде потврдена тоа значи дека сезонава ќе се возат 17 трки што и беше основниот план на Формула 1.

По шест трки лидер во шампионатот е Луис Хамилтон со 132 бода, втор е Макс Ферстапен со 95.

Scroll to Top