Формула 1 се враќа по речиси еден месец пауза следниот викенд во Азербејџан. На патеката во Баку ќе се одржи првата од шесте спринт трки оваа сезона.
Десет дена пред трката за Големата награда на Азербејџан, ФИА и тимовите ги договорија ревидираните правила. Тие треба официјално да бидат одобрени следната недела, а нивната примена ќе започне од Баку.
Петок ќе се одвива по познатата шема на спринтови со квалификации по првиот слободен тренинг, чиј распоред ќе важи за стартот на главната трка во недела.
Новост е дека наместо вториот тренинг, во сабота ќе се одржи пократка квалификациска сесија за да се утврдат позициите за спринт-трката која ќе се одржи подоцна истиот ден.
Многу возачи истакнаа дека им се допаѓа идејата да се поделат двата настани, така што ниту евентуален инцидент во квалификациите за спринт или во самиот спринт нема да влијае на нивните амбиции во главната трка.