Големата награда на Британија во Силверстон ќе остане во календарот на Светскиот шампионат во Формула 1 до 2034 година.
Познатата патека беше домаќин на првата трка за возачи во Формула 1 во 1950 година, а новото продолжување на договорот значи дека ќе продолжи да се одржува на иконското место и во својата деветта деценија.
„Силверстоун е патека која лежи во срцето на историјата на Формула 1 и се приближува до својата деветта деценија откако на неа возата најдобрите возачи. Овој настан продолжува да привлекува обожаватели од целиот свет за неверојатно искуство“, објави Стефано Доменикали, првиот човек на Формула 1.
Првата трка о новата сезона е во Бахреин на 2 март.