Top Sport

Ф1 ја објави сатницата за сите трки во 2023

Организаторите на Светскиот шампионат во Формула 1 објавија кога ќе стартуваат сите 23 трки и шест спринт-трки, кои ќе бидат дел од календарот за 2023 година.

Сезоната ќе започне на 5 март во Бахреин, а трката ќе започне во 16 часот по наше време. Две недели подоцна (19 март) ќе се одржи и Големата награда на Саудиска Арабија. Стартот на патеката во Џеда е закажан за 18 часот. Двете трки ќе се возат под рефлектори.

Третиот викенд е во Австралија, на патеката „Алберт Парк“. За да го гледате почетокот на трката, ќе треба да бидете будни веќе во 7 часот наутро.

Големата награда на Азербејџан исто така ќе биде домаќин на првиот спринт во 2023 година. Таа трка започнува во сабота, 29 април, од 14:30 часот. Ден подоцна е главната трка на пистата во Баку со почеток во 13 часот.

Големата награда на Мајами, која ќе се одржи само една недела по двојната програма во Азербејџан. Стартот на „Хард рок“ патеката ќе биде во 21:30 часот.

Големата награда на Лас Вегас, која ќе дебитира во календарот на Формула 1, започнува во сабота во 22 часот по локално време, односно во недела наутро во 7 часот по средно-европско време. Квалификациите и тренинзите пред трката во Лас Вегас се закажани за четврток и петок навечер по локално време, а сите сесии почнуваат по зајдисонце.

Од европските трки, само Големата награда на Велика Британија ќе има малку подоцнежен старт, бидејќи трката во Силверстоун ќе започне во 16 часот по наше време. Сите други стартови на територијата на Стариот континент ќе бидат 15 часот по наше време.

Почетно време на сите трки во Формула 1 во 2023 година:

1. ГН на Бахреин (5 март) – 16:00 ч

2. ГН на Саудиска Арабија (19 март) – 18.00 часот

3. ГН на Австралија (2 април) – 7.00 часот

4. ГН на Азербејџан (30 април) – 13.00 часот (спринт во 14.30 часот)

5. ГН на Мајами (7 мај) – 21:30 ч

6. ГН на Емилија-Ромања (21 мај) – 15:00 ч.

7. ГН на Монако (28 мај) – 15:00 часот

8. ГН на Шпанија (4 јуни) – 15:00 ч

9. ГН на Канада (18 јуни) – 20:00 ч

10. ГН на Австрија (2 јули) – 15.00 часот (спринт во 16.30 часот)

11. ГН на Велика Британија (9 јули) – 16:00 ч

12. ГН на Унгарија (23 јули) – 15:00 ч

13. ГН на Белгија (30 јули) – 15.00 часот (спринт во 16.30 часот)

14. ГН на Холандија (27 август) – 15:00 ч

15. ГН на Италија (3 септември) – 15:00 ч

16. ГН на Сингапур (17 септември) – 14:00 ч.

17. ГН на Јапонија (24 септември) – 07:00 часот

18. ГН на Катар (8 октомври) – 16.00 часот (спринт во 16.30 часот)

19. ГН на САД (22 октомври) – 21.00 часот (спринт во 00.00 часот)

20. ГН на Мексико (29 октомври) – 21:00 ч.

21. ГН на Бразил (5 ноември) – 18.00 часот (спринт во 19.30 часот)

22. ГН на Лас Вегас (19 ноември) – 7.00 часот

23. ГН Абу Даби (26 ноември) – 14:00 ч.

Scroll to Top