Top Sport

Ф1 ја претстави патеката во Џеда

Формула 1 го претстави изгледот на градската патека во Џеда, Суадиска Арабија. Ова ќе биде најбрзата улична трка во Формула 1. Трка, во шампионатот на Формула 1, прв пат во историјата ќе се вози во декември оваа година. Тркачкиот викенд ќе се одржи од 3. до 5.декември.

Патеката во Џеда е долга нешто повеќе од 6 километри и само Спа Франшошамп е подолга патека во првенството на Формула 1. Патеката има 27 своици, ќе има три ДРС зони, а болидите ќе се движат с просечна брзина од 250 километри на час.

Трката во Џеда ќе се вози под рефлектори, исто како и трката во Сингапур.

Патеката е дизјнирана во консултација со тимот на познатниот архитект Херман Тилке.

Scroll to Top