Top Sport

Ф1 ќе ги додаде трките во Муџело и Портимао на календарот за 2020?

Засега, Формула 1 шампионатот се состои само од осум потврдени трки, а во обид да се стигне до барем 15 трки во 2020 година, се верува дека патеките во Муџело и Портимао ќе бидат додадени на календарот оваа недела, пред стартот на Австриското ГП.

Муџело, патека во сопственост на Ферари, би требало да биде домаќин на 1.000-та трка во Ф1, една недела во Монца, а португалската патека Портимао неодамна потврди дека преговара за организирање на трка. На планот на организаторите е и Руското ГП во Сочи, и покрај тоа што ситуацијата со корона вирусот во оваа земја е на незавидно ниво во последните недели.

Освен овие три трки, другите локации се неизвесни. Шефовите сакаат Кина да има две трки на патеката во Шангај, и по две трки во Абу Даби и Бахреин, со што би се исполнила целта од 15 трки.

Засега се потврдени само осум трки за 2020 – две трки на Ред бул ринг во Австрија, две трки во Силверстоун, Шпанското ГП во Барселона, Италијанското ГП во Монца и Белгиското ГП во Спа.

Scroll to Top