Top Sport

Бунт во Барселона против Сетиен и неговиот помошник Сарабија

Фудбалерите на Барселона биле вклучени во жестока расправија со тренерот Кике Сетиен по 2:2 ремито со Селта во саботата, и на тренерот му се подготвува сигурен отказ на крајот на сезоната, јавуваат шпанските медиуми.

Против Селта, Барса двапати пропушти водство, за да дозволи Реал Мадрид да ги поминат на првото место на табелата во Шпанија. Уругваецот Луис Суарез, кој постигна два гола на мечот, изјави дека тренерите на тимот се најодговорни за слабата гостинска форма, со две победи во последните шест меча, а „Марка“ тврди дека во соблекувалната се случил бунт поради тактичките одлуки на Сетиен, посебно одлуката да го внесе Антоан Гризман на местото на Суарез. Според шпанските медиуми, ова не е првпат да има судир меѓу фудбалерите и Сетиен околу тактиката.

Од друга страна, порталот „Гол“ тврди дека првите луѓе на клубот се подготвени експресно да му врачат отказ на Сетиен доколку резултатите не се сменат драстично и не се освои титула од Ла лига или од Лигата на шампионите.

Според нив, влијанието на Лионел Меси и Жерард Пике е огромно во клубот, и инцидентот кога Меси не го слуша неговиот помошник Едер Сарабија покажува дека тие нема да ја толерираат состојбата. Сарабија посебно е непопуларен кај фудбалерите.

Scroll to Top