Извршниот директор на Формула 1 Рос Брон рекол дека сезоната би можела да започне во јули, но без присуство на гледачи.
„Доколку стартуваме во јули би можеле да имаме 19 трки во сезоната. Секако дека тоа не би било лесно. Три трки, па слободен викенд, три трки и повторно слободен викенд. Ги разгледуваме сите можности“, рекол Брон.
Тој дополнил дека патувањата претставуваат најголем проблем и ја повторил можноста дека прв пат во историјата некоја Ф1 трка би се возела пред празни трибини.
„Пожелно би било да се стартува во Европа. Но таа трка би била без гледачи. Тоа не е најдоброто решение но мислам дека и тоа подобро отколку воопшто да нема трки. Не смееме да заборавиме дека милиони луѓе ги следат трките во своите домови“.
Сезоната во Формула 1 требаше да започне на 15 март во Австралија. Трката е одложена поради пандемијата на вирусот КОВИД-19. Досега се одложени девет трки (Австралија, Монако, Бахреин, Кина, Вијентнам, Холандија, Шпанија, Азербејџан и Канада.
Прва следна трка во календарот е Големата награда на Франција на 28 јуни.