Top Sport

Ф1: Новата сезона ќе започне со ново правило

Сезоната во Формула 1 ќе започне наредниот викенд во Мелбурн парк, со трката за Големата награда на Австралија. Веројатно од првата трка ќе биде воведено и новото правило, возачот на најбрзиот круг да биде награден со еден поен.

Предлогот добил позитивна оценка од ФИА, а сега се чека замо тој да добие „зелено светло“ и од Комисијата на ФИА, односно правилото да биде вметнато во пропозициите на натпреварувањето пред првата трка во сезоната.

Ова правило веќе се применува ова правило, но во Формула 1 тоа ќе биде малку сменето, односно еден бод ќе добие возачот што ќе го има најбрзиот круг, но тој ќе мота трката да ја заврши меѓу првите десет.

Scroll to Top