Формула 1 ќе се врати во Африка. Би-би-си пренесува дека од наредната година повторно ќе се вози трката за Големата награда на Јужна Африка, на патеката Кјалами.
Првиот човек на Формула 1, Стефано Доменикали, отпатува за Јужна Африка, каде ќе се сретне со претставници на локалните власти и организаторите.
Носителот на маркетиншките права во Формула 1, „Либерти медиа“ се залага за што побрзо враќање на африканската трка во календарот.
Според некои информации, двете страни се блиску до договор, а трката за Големата награда на Јужна Африка би можела да се вклучи во календарот веќе во 2023 година.
Во тој случај, следната сезона во првенството би се возеле 24 трки.
Последната трка на патеката Кјалами се одржа во 1993 година.