Формула 1 тимовите едногласно ги одбиле гумите кое компанијата „Пирели“ ги предложила за 2020 година.
Би-би-си објави дека од италијанската компанија се надевале дека новиот дизајн ќе биде чекор напред во плановите за воведување на помалку чувствителни пневматици, кои на возачите би им овозможиле подобри услови за тркање со своите болиди.
Меѓутоа на тестовите во Абу Даби, минатата недела, тимовите ги користеле пенавматиците од оваа сезона.
„Научените лекции ќе бидат од непроценливо значење за развојот на гумите во иднина“, стои во соопштението од Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА).
По повод овој случај досега нема никаква реакција од „Пирели“.
Одлуката да не ги прифатат новите пневматици е голем удар за „Пирели“ и за Формула 1. Целта на компанијата и ФИА била тимовите да добијат гуми што на возачите би им овозможиле подобри услови за тркање на сите возачи.