Формула 1 Комисијата се согласи да им дозволи на тимовите да потрошат дополнителни 1.2 милиони долари во ограничениот буџет за 2023 година. Основниот „селери кап“ е на 135 милиони долари во 2023, но тимовите ќе имаат дополнителни исклучоци бидејќи оваа сезона календарот има повеќе од 21 трка.
Тимовите веќе добиваат дополнителен простор за трошење за дополнителните трки, но оваа сума сега е зголемена.
„Зголемувањето на буџетот за дополнителните трки над 21 на календарот беше договорено од 1.2 милиони долари на 1.8 милиони долари по трка, бидејќи дополнителните трки се поскапи поради тоа што не се во Европа“, се вели во објавата на Ф1 и ФИА.
Минатата сезона, шампионите Ред бул беа по лупата на ФИА, откако го надминаа дозволеното трошење за на крај да бидат казнети парично и со намалување на времето кое можат да го потрошат во воздушниот тунел.
Покрај ова, ФИА и Ф1 договорија нов период на „зимско затварање“ за фабриките за шасии и мотори, односно период во текот на зимата во кои нема да биде дозволено работа на развој на болидот.