Top Sport

„Кралевите“ на колена – Тибо Куртоа со комична грешка, Ливерпул-Реал 2:0!

Тибо Куртоа, еден од најдобрите голмани на светот, успеа да направи неверојатна грешка во 14. минута на „Енфилд“, за Реал Мадрид да губи со големи 2:0 со кошмарен старт на првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампиони.

Само десет минути откако Ливерпул дојде во водство со прекрасниот гол на Дарвин Нуњез, белгискиот голман Куртоа успеа неверојатно да искомпликува една вратена топка, подарувајќи му ја на Мо Салах кој без проблем го прифати потегот и стрелаше за 2:0.

Грешка за која многу ќе се зборува.

Магија на Дарвин Нуњез – Ливерпул со експресно водство против Реал!

Scroll to Top