Top Sport

Фановите ја дознале адресата на Леклер, му се собираат пред станот

Возачот на Ферари, Шарл Леклер побара од Ф1 фановите да престанат да го посетуваат неговиот дом во Монте Карло, откако неговата адреса стана позната преку Интернет. Тој открива дека дел од фановите се собираат под неговиот стан ѕвонејќи му на вратата и постојано му бараат фотографии.

„Последните неколку месеци, мојата адреса некако стана јавна, по што луѓе почнаа да се собираат пред станот, ѕвонејќи и барајќи автограми и фотографии. Иако секогаш сум среќен да бидам тука за навивачите и ја ценам вашата поддршка, ве молам да ја почитувате мојата приватност и да не доаѓате пред мојот дом. Ќе сопрам за секого кога ќе ве видам на улица и на патека, но, нема да се симнувам од мојот дом ако сте таму. Поддршката на социјалните мрежи и во живо е фантастична, но има граница која не треба да биде премината“, вели Леклер.

Scroll to Top