Возачот на Мекларен, Ландо Норис ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Шпанија, која се вози на новата патека во Мадрид.
Актуелниот првак, извозе фантастичен круг на финишот од квалификациите и ја освои пол-позицијата со време од 1:31.824.
За возачот на Мекларен, ова е 19-та пол-позиција во кариерата, трета оваа сезона.
Траката од првиот ред, веднаш до Норис, ќе ја стартува лидерот во првенството, Андреа Кими Антонели од Мерцедес. Норис беше побрз од младиот Италијанец за само 11 илјадиити делови од секундата.
Вториот ред е резервиран за големите ривали, Макс Ферстапен и Луис Хамилтон, а третиот за Шарл Леклер и Џорџ Расел.
Во Топ 10 на стартот се и Оскар Пјастри, Лиам Лосон, Франко Колапинто и Арвид Линдблад.
Траката за Големата награда на Шпанија, в недела ќе започне во 15 часот.
Foto/ Depositphotos
