Даниел Абт е победник на петтата рунда од Формула Е шампионатот, откако стана првиот Германец со победа во серијата на електрични болиди на Мексиканското ГП.
Возачот на Ауди, кој стартуваше како петти, го презеде водството по задолжителното влегување во боксот за промена на болидите, за да го победи Британецот Оливер Тарви. Абт претходно победи на втората трка од сезоната во Хонгконг на својот 25. роденден, тој беше дисквалификуван поради технички причини.
„Се надевам дека оваа ќе ја задржам“, вели Германецот.
Поранешниот шампион, Себастиен Буеми заврши како трет, додека на Французинот Жан-Ерик Верњ му беше доволноп и петтото место за да го зголеми водството во генерален пласман на 12 поени пред Швеѓанецот Феликс Розенквист, кој се откажа поради проблеми со акумулаторот.
. @Daniel_Abt wins the 2018 #MexicoCityEPrix pic.twitter.com/F2B15ksHuj
— ABB Formula E (@FIAFormulaE) March 3, 2018