Top Sport

ФЕ: Верњ доминираше во Сантијаго (видео)

Освојувачот на пол-позицијата, Жан-Ерик Верњ го совлада својот колега од Течита тимот, Андре Лотерер за победа на Формула Е трката на улиците на Сантијаго де Чиле.

Првата ФЕ трка во чилеанската престолнина беше неизвесна до крајот, иако Верњ се одвои од пол-позицијата, пред да добие дуел со Нелсон Пике Јуниор (Јагуар), кој од петтото место на стартот изби на второто место.

Но, по излегувањето на безбедносното возило по инцидентот на Хозе Марија Лопез и Маро Енгел, на рестартот Лотерер успеа да го помине Пике Јуниор.

На крајот, Себастиен Буеми го освои третот место пред Росенквист и Сем Брд, додека Пике беше само шести.

Scroll to Top