Top Sport

Том Брејди е најстариот МВП во историјата на НФЛ

Квотербекот на Њу Ингланд патриотс, 40-годишниот Том Брејди стана најстариот играч со МВП наградата во НФЛ лигата.

Брејди доби 40 од 50-те гласа од избраните американски медиуми, Тод Гарли од Лос Анџелес рамс доби осум гласа, а Карсон Венц од Филаделфија само два. Ова е третпат Брејди да ја освои МВП наградата, израмнувајќи се со Џим Браун, Џони Јунитас и Брет Фавр како втор најуспешен играч – Пејтон Менинг е рекордер со пет награди.

Брејди, кој ја игра 18 НФЛ сезона водеше во лигата по обиди за додавања (581), јарди (4.577) и најмногу јарди по натпревар (286.1), предводејќи ги Патриотс до финалето на Супер болот, каде што доцна вечерва ќе се сретне со Филаделфија иглс во обид да стане првиот играч со МВП и Супер бол титула во иста сезона по Курт Ворнер во 1999.

Scroll to Top