Top Sport

Фелипе Маса ќе се трка во Формула Е

На некои луѓе тркањето им е во крвта, така што не изненадува што Фелипе Маса го најави кам-бекот на тркањето половина година по пензионирањето од Ф1, преку настап во шампионатот на болиди на електричен погон, Формула Е.

Маса во петтата сезона на ФЕ ќе настапува со тимот од Монако, Вентури, кој оваа сезона вози со фабричките возачи на Мерцедес, Маро Енгел и Едоардо Мортара. Двајцата возачи ќе се преселат во фабричкиот тим на Мерцедес, ХВА АГ следната сезона.

„Пресреќен сум што се приклучувам на Формула Е шампионатот, место кое донесе фантастично натпреварување во толку краток рок. Се работи за иновативна серија која гледа напред и навистина ми се допаѓа форматот на трките, со улични трки блиску до фановите“, изјави Маса.

Scroll to Top