Top Sport

Ван Перси останува уште една година во клубот од детството

Холандскиот ветеран Робин ван Перси ќе остане во Феенорд и во сезоната 2018/19, потврди холандскиот клуб, каде што 34-годишниот играч од средниот ред ја започна кариерата.

Ван Перси се врати во Ротердам во јануари, потпишувајќи договор во кој имаше клаузула која му дозволува раскин по крајот на сезоната, но тој сега останува на „Де кујп“ барем уште една сезона.

„Ние јасно кажавме преку техничкиот директор Мартин ван Гел, главниот тренер Џовани ван Бронкохорст дека сметаме на напаѓачот и следната сезона. Тој ни потврди дека сака да остане уште една година“, се вели во соопштението на тимот.

Поранешниот играч на Манчестер јунајтед и Арсенал постигна пет гола во 12 настапи во 2017/18, но Феенорд заврши само на четвртото место во Ереддивисие.

Фото: ЕПА

Scroll to Top