Top Sport

Ферари: Без ограничен буџет, Формула 1 ќе умре

Претседателот на Ферари, Луис Камилери вели дека е клучно тоа што Формула 1 во 2021 година ќе воведе ограничување на буџетот на тимовите, предупредувајќи дека без таква мерка спортот „полека ќе умре“.

Во 2021 година во Формула 1 ќе ги има најдрастичните промени во модерната ера, со ограничен буџет, стандардизирање на моторите и промени на аеродинамичките правила за да се обезбеди потесно тркање и помали трошоци. Пред тоа да се случи, тимовите ќе имаат простор за трошење за следната сезона.

„Мислам дека дојдовме до релативно добар компромис околу ограничувањето на трошоците и ние го поддржавме бидејќи сметаме дека тоа е добро за економската оддржливост на Формула 1. Со време, ограничувањето на буџетот ќе вклучува повеќе делови од болидот, моторите, возачите, различните други работи, бидејќи ако спортот не е економски исплатлив, полека ќе умре. Тоа беше наша одговорност и со тоа направивме одредени жртвувања за помалите тимови да добиваат повеќе пари“, вели Камилери.

Scroll to Top