Top Sport

Ферари би заштедиле над 100 милиони евра со повлекување од Ф1

Кога беа најавени новите правила за моторите во Ф1 од 2021 година, претседателот на Ферари, Серџио Маркионе реагираше бурно со најава за повлекување од спортот, една од низата која Ферари ја направи последната деценија.

Запрашан како би се чувствувал ако тој биде човекот кој го повлекол најуспешниот тим во историјата и единствениот кој учествувал во сите Светски шампионати од 1950 година, Маркионе даде неочекуван одговор.

„Ќе се чувствувам како милион долари, бидејќи потоа ќе работам на порационална верзија“, изјави тогаш Маркионе.

Од финансиска страна, повеќе како стотина милиони долари. Ферари добива историски бонус од Ф1 од околу 80 милиони фунти секоја година, и лани вкупниот приход беше околу 160 милиони фунти. Според британскиот „Индепендент“, Ферари во 2016 година потрошиле 450.7 милиони фунти на развој и наука, пари кои најмногу отишле за „Ф1 активности“. Тоа е околу 12.1 посто повеќе од парите кои Мерцедес ги троши во спортот.

Ферари троши околу 80 милиони фунти годишно на плати (голем процент секако оди кај Кими Раиконен и Себастијан Фетел), така што проценките се дека Ферари троши вкупно над 500 милиони фунти  само на Ф1.

Математиката, затоа, покажува дека Маркионе можеби е во право кога вели дека Ферари ќе заштеди стотина милиони фунти ако не учествува во Ф1. Прашање е дали новите сопственици во „Либерти медија“ се подготвени да го сфатат тоа, и дали се подготвени да „тераат“ Ф1 без најславниот тим.

Ферари со нова закана за заминување од Ф1

Scroll to Top