Top Sport

Ферари донираше еден милион евра за помош на настраданите од поплавите во северна Италија

Култниот Ф1 тим Скудерија Ферари донираше еден милион евра на Агенцијата за територијална безбедност и цивилна заштита на регионот Емилија-Ромања за помош од поплавите.

Во големите поплави загинаа 13 лица, а илјадници се евакуирани во северниот италијански регион Емилија Ромања. Се излеале дури 23 реки, а повеќе од 400 патишта се оштетени или уништени.

„Ферари донираше милиони евра за помош, приклучувајќи се на регионалната кампања за собирање средства“, објави италијанскиот Ф1 тим.

Трката за Големата награда на Емилија Ромања во Имола, која требаше да се одржи овој викенд, е откажана по најголемите поплави во областа во последните 100 години.

Формула 1 допрва треба да донесе трајна одлука за судбината на откажаната трка во Имола, но малку е веројатно дека настанот ќе биде преместен за подоцна оваа година.

Големата награда на Емилија Ромања е втората трка што испадна од календарот на Формула 1. Големата награда на Кина првично закажана за април беше исфрлена од календарот поради ограничувањата на земјата за Ковид-19.

Scroll to Top