Top Sport

Лапорта му нуди нов договор на Чави

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта и тренерот Чави Ернандез, наскоро ќе преговараат за обновување на договорот. Чави ги предводеше Каталонците до првата шампионска титула од 2019 година.

Актуелниот договор на Чави истекува во 2024 година, а Лапорта сака да ја обезбеди долгорочна соработка со поранешниот капитен на трофејната генерација на Барселона.

Се очекува двајцата брзо да се договорат, пишува шпанскиот весник „Спорт“.

И покрај тоа што клубот не е баш во стабилна финансиска ситуација, Чави најверојатно ќе добие подобрени услови во новиот договор.

Барселона веќе ја обезбеди титулата во Примера на четири кола пред крајот на сезоната, до крајот Каталонците ќе играат против Реал Сосиедад, Ваљадолид, Мајорка и Селта.

Scroll to Top