Top Sport

Ферари ги „запалија“ моторите – Леклер возеше низ Маранело

Шарл Леклер утрово го возел своето Ферари СФ 1000 низ улиците на Маранело. Со овој болид возачот од Монако ќе стартува на трката за Големата награда на Австрија на 5 јули.

Генералната проба Ферари ја направиле во срцето на својата фабрика, а потоа Леклер добил дозвола да вози низ градските улици. Тој е првиот возач во модерната ера кој добил дозвола да вози по улиците на Маранело.

„Добро утро Маранело се извинувам доколку разбудив некого, јас само си ја вршев работата“, напишал Леклер на „Твитер“.

Возењето на Леклер низ градските улици е слично на возењето на Енцо Ферари од 1947 година. Тој минал по улицата „Абетоне Инфериоре“ и покрај музејот на Ферари кој се наоѓа на улицата „Жил Вилнев“.

Scroll to Top