Top Sport

Севилја и Рома ќе играат на неутрален терен

Рома и Севилја ќе одиграат само еден натпревар во осмина-финалето во Лига Европа, тврди каталонскиот медиум „Мундо Депортиво“. Според овој извор двете екипи ќе играат на 5 или 6 август на неутрален терен.

Поради паузата што настана поради коронавирусот во Лига Европа до крајот екипите ќе играат само по еден натпревар. Инаку покрај Рома и Севилја својот прв осмина-финален меч не го одиграа ниту Интер и Хетафе.

Останатите тимови кои се пласираа во оваа фаза ќе треба да ги одиграат реванш мечевите, а потоа осумтте најдобри ќе играат на завршен турнир во Германија, во Келн, Дуизбург, Гелзенкирхен и Диселдорф.

Завршниот турнир во Лига Европа според УЕФА ќе се игра од 10 до 21 август.

Инаку Севилја со пет трофеи е рекордер во Лига Европа.

Scroll to Top