Top Sport

Млад шпански фудбалски тренер почина од корона вирусот

Шпанскиот фудбалски тренер Франциско Гарсија почина од корона вирусот на само 21 година. Гарсија работел со Атлетико Портада Алта тимот од Малага од 2016 година, првично со младинскиот тим, но откако бил однесен во болница со сериозни симптоми од корона вирусот му била дијагностицирана и форма на леукемија.

Гарсија е петтата жртва од корона вирусот во областа на Малага, но убедливо најмладиот, откако другите починати имаа над 70 години. По пристигнувањето во болницата, лекарите утврдиле дек тој има леукемија и поради болеста неговото тело не можело да се бори со вирусот.

Досега, во Шпанија има над 8 илјади заразени од корона вирусот од кои речиси 300 го загубија животот.

Scroll to Top