Тимот на Ферари го смени официјалното име пред новата сезона, тргнувајќи го брендот на „Филип Морис“, „Мишн виноу“ од името кај Светската автомобилистичка федерација (ФИА).
Иако тутунското рекламирање е забрането во Формула 1, Ферари официјално беа именувани „Скудерија Ферари Мишн виноу“, но сега го сменија името на две недели пред стартот на сезоната во едноставно „Скудерија Ферари“.
„Филип Морис“ долго време е спонзор на италијанскиот тим и постојано беа на нивните болиди до забраната на тутунското рекламирање. Пред Австралиското ГП за две недели, официјалните лица на државата Викторија побараа разјаснување на ситуацијата со врската со „Филип Морис“.
Неодамна, исто така, Мекларен објавија дека нивниот нов спонзор е „Бритиш американ тобако“, и дека нивното лого за кампањата „Подобро утре“ ќе биде на страната на нивниот нов болид.
Фото: ЕПА