На само 18 дена од првиот Ф1 тест во Барселона следниот месец, Ферари и Мекларен беа првите тимови кои дадоа мала најава за своите фанови, палејќи ги првпат моторите на своите болиди и споделувајќи го тоа на социјалните мрежи.
Мекларен беа први, откако објавија видео на Твитер на моторот на Рено пред членовите на тимот. Мекларен МЦЛ34 ќе биде промовиран на 14 февруари.
Веднаш потоа, и Ферари го направија истото за своите фанови со порака: „Слушнете како вреска“, пред својата промоција на 15 февруари.
Hear it roar #ForzaFerrari https://t.co/9ighvI5iGR
— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) January 31, 2019