Ферари објавија посебна шасија на СФ90 болидот со која ќе возат на првата трка од сезоната, Австралиското ГП.
Новиот болид беше промовиран со спонзорот „Мишн виноу“ од тутунската компанија „Филип морис“, но австралиските власти почнаа со истрага за наводно прекршување на правилата за рекламирање на тутун, и Ферари решија да ја модифицираат шасијата и да се прослави 90-годишнината на компанијата.
„На Австралиското ГП, СФ90 болидот, тркачките одела на возачите и опремата на сите во тимот ќе го имаат логото за прослава на 90-годишнината на Скудерија. Трката во Мелбурн го означува почетокот на оваа специјална годишнина за нас“, се вели во соопштението на Ферари.
Celebrating our 90th anniversary in Melbourne https://t.co/dIBYboDeZ4#AusGP #essereFerrari #ScuderiaFerrari90 pic.twitter.com/GFMDdvaPpn
— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) March 12, 2019