Иако е тешко да се верува дека наскоро ќе гледаме Формула 1 трка, Ферари повторно ја отвори својата фабрика најавувајќи „ново поглавје“ во нивната славна историја.
Италија е меѓу земјите кои најмногу страдаа од корона вирусот со над 210.000 заболени и речиси 30 илјади мртви, но од денеска почнува „опуштањето“ на стриктните мерки на италијанската влада. Ферари потврдија дека го отвараат своето седиште во Маранело, со сите мерки на претпазливост.
„Почнува ново поглавје: денеска се рестартира производството во седиштето на Ферари. Здравјето и безбедноста на нашите вработени останува прв приоритет“, напишаа од италијанската компанија.
Формула 1 тимот на Ферари засега останува затворен поради последните регулативи на Формула 1, кои велат дека барем уште 63 дена ќе останат затворени.
A new chapter begins: today production restarts at #Ferrari headquarters. The health and safety of our employees and suppliers remains top of mind thanks to our Back on Track programme.
— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) May 4, 2020