Top Sport

Ферари ја отвори фабриката за да почне „ново поглавје“

Иако е тешко да се верува дека наскоро ќе гледаме Формула 1 трка, Ферари повторно ја отвори својата фабрика најавувајќи „ново поглавје“ во нивната славна историја.

Италија е меѓу земјите кои најмногу страдаа од корона вирусот со над 210.000 заболени и речиси 30 илјади мртви, но од денеска почнува „опуштањето“ на стриктните мерки на италијанската влада.  Ферари потврдија дека го отвараат своето седиште во Маранело, со сите мерки на претпазливост.

„Почнува ново поглавје: денеска се рестартира производството во седиштето на Ферари. Здравјето и безбедноста на нашите вработени останува прв приоритет“, напишаа од италијанската компанија.

Формула 1 тимот на Ферари засега останува затворен поради последните регулативи на Формула 1, кои велат дека барем уште 63 дена ќе останат затворени.

Scroll to Top