Јуниорот Роберт Шварцман е новиот член на тркачката академија на Ферари, откако 18-годишниот Русин во втората сезона во Формула Рено Еврокупот се бори за титулата.
Шварцман е втор млад возач кој се приклучува на славниот италијански тим, откако овој месец Скудерија потпиша и со младиот Формула 3 возач, Британецот Калам Лот.
„Шансата да се биде дел од академијата на Ферари е неверојатна, и се надевам дека ќе ја искористам довербата. Сигурен сум дека ќе покажам резултати веќе во 2018 година“, вели Шварцман.
Шварцман беше трет во италијанската Формула 4 серија во 2015 година, додека лани настапуваше во Формула Рено, завршувајќи осми во Еврокупот и шести во НЕЦ серијата. Следната година тој би требало да настапува во Ф3 серијата.